Најмалку 20 деца загинаа во автобуска несреќа во Јужна Африка, кога, од непознати причини, минибус кој превезувал деца, најпрво се удрил во камион, по што излетал од патот и се запалил. Децата загинале на лице место. Несреќата се случила во северниот дел од главниот град Преторија, jaвува „Макфакс“.

Според првичните информации од медиумите, во возилото се наоѓале деца од основно и средно училиште. Министерот за образование го нарече денешниот немил настан “црн ден“ за земјата. Во тек е истрага за можните причини за несреќата.

OhridNews
извор: „Макфакс“