Денеска објавуваме докази што ја потврдуваат поклопеноста на државата од страна на неколку луѓе-партија, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот на денешната прес конференција на која беше објавена најновата таканаречена „ Бомба“ на опозицијата.

– Ќе се докаже, рече тој, зошто во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР токму МВР е посочено како пример каде што се поклопуваат државата и партијата. Лично од Јанкуловска ќе слушнете како возниот парк во МВР е партиски возен парк на ВМРО ДПМНЕ. Ќе видите зошто и во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР и во оној на Европската Комисија се бара одвојување на државата од партијата. Затоа што нема државен систем, се е партија. Груевски и неколкуте соработници околу него урнисале се, рече Заев.

Со партиски кадри исклучиво под контрола и со одобрение на Никола Груевски, додаде Заев, ги преполниле полицијата, судството, обвинителството, здравството, образованието, додека луѓе професионалци кои не мислат како власта, биле исфрлени на улица.

– Прв извршител во сите области на Груевски, со списочиња не само во судството, е погодувате, Гордана Јанкулоска, изјави Заев на почетокот од објавувањето на 20-та т.н. „бомба“ на опозицијата за криминалите на власта.

OhridNews

извор РСЕ