Уште пет слободни места остануваат за да се копмлетира листата од 16 патници во осминафиналето од Лигата на Шампиони . Поради настапот на Милан нa светското клупско првенство натпреврите во Д групата завршија порано , Милан и Селтик обезбедија пласман понатаму . Единствено Челзи од останатите 12 екипи влегува растоварено во овие натпревари.
Група А
Оваа група е една од двете во кои се е отворено . Во најдобра позиција се Порто и Марсеј кои натпреварите ги играат на домашен терен и доволен им е само бод за пласман понатаму .
шампионот од 2005 пред голем тест -Питер Крауч
Порто – Бешикташ , Олимпик – Ливепрул
Табела Порто 8 ,Марсеј 7 ,Ливерпул 7 ,Бешикташ 6
Група Б
Челзи ќе заврши како прво пласиран, додека за второто место во диркетен судир “гради в гради“ ќе се борат Шалке и Розенброг. Само поБеда им одговата на германците кои немаат победа на домашен терен, додека пак најпријатното изненадување Розенборг нема пораз на гостувањата .
Шалке – Розенборг , Челзи – Валенсија
Табела Челзи 11 ,Розенборг 7 ,Шалке 5 ,Валенсија 4
Група Ц
На лидерот Реал Мадрид бод против Лацио му го осиугурува 11-от пласман по ред во втората рунда од Лигата на Шампиони. Во последните 24 натпревари во ЛШ поразен е само еднаш. Победа на „Бернабеу“ го носи Пандев и Лацио во наредната рунда . Во Пиреа на грците им е доволен бод, а на германците само победа .
Реал – Лацио , Олимпијакос – Вердер
Табела Реал 8 , Олимпијакос 8, Вердер 6, Лацио 5