2 златни, 7 сребрени и 6 бронзени медали освои охридските каратисти од карате клуб „Кун-су-то” на меѓународниот карате турнир „Солидарност опен 2022“ кој се одржа на 15 мај во Скопје. Охридскиот карате клуб учествуваше со 17 натпреварувачи и освои вкупно 15 медали.
Прво место освоија Анастасија Смилевска во категоријата борби помлади кадетки – 55 кгр освои и Дамјан Митревски во категоријата борби помлади кадети – 36 кгр освои 1-во место.
Второ место освоија Тамара Ѓурчиноска во категоријата борби јуниорки – 59 кгр, Марија Велкова во категоријата ката женски учесници родени 2012 г., Матеа Грозданоска во категоријата ката женски 2010 г. освои 2-ро место и во категоријата борби деца-36 крг, Јована Петреска во категорија ката женски 2010 и Климент Јанески во категоријата ката машки 2010 освои.
Трето место освоија Јане Крстевски во категоријата ката машки 2012, Георги Меркоски во категоријата борби кадети – 52 крг, Тео Темелкоски во категоријата ката машки 2010 г., Филип Темелкоски во категоријата ката машки 2009 г., Козма Митревски во категоријата борби помлади кадети – 36 крг и Наум Велески во категоријата борби машки деца – 42 крг.
На меѓунарониот турнир учествуваа над 700 натпреварувачи од Македонија и соседните држави.
OhridNews