Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вВо последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1. Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 3, Кочани и Гостивар – по 1. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 966.813 тестирања на Ковид-19.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројот на оздравени пациенти е 150.333, на починати е 5.491, а на активни случаи изнесува 401.