Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на ковид-19, информира министерот за здравство Венко Филипче. По градови: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2. Досега во земјата се направени вкупно 20088 тестирања на КОВИД-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти. Во Штип 1, Велес 3, Гостивар 1, Кочани 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1723, бројката на оздравени пациенти е 1235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393.

OhridNews