Највредната компанија на светот, американскиот технолошки гигант Ејпл, платил 2,2 милиони долари за реклама на 12 страници во мартовското американско издание на списанието Вог. Ејпл на 12 страници го претставил најновиот производ, Ејпл часовник, за кој се шпекулира дека би можел да ја подигне вредноста на компанијата до незамисливи височини, наведуваат економските портали.
Моментално компанијата Ејпл на берзата вреди околу 750 милијарди долари. Цената на часовникот ќе биде 350 долари, а неговата прва компаниска поромоција ќе се одржи денес, кога ќе бидат претставени само основните информации за таа направа и датумот за појавувањето на часвниокот на пазарот.