Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19, од кои 2 во Охрид.

Во болнички услови се починати 2 пациенти од Прилеп (80г) и Велес (54г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти, 1 во Охрид.

Досега во земјата се направени вкупно 188.777 тестирања на Ковид 19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во од почетокот на епидемијата изнесува 17977, бројката на оздравени пациенти е 14959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2279.

OhridNews