Утре (сабота) во водите на Охридското езеро ќе се одржи 19-та Интернационалната илинденска регата во кајак кану на мирни води во организација на Кајак кану клубо Стрмец од Охрид.

На настанот ќе учествуваат екипи од Полска, Бугарија, Србија и нашата земја. Регатата е во машка и женска
конкуренција, а натпреварувачите ќе се натпреваруваат во дисциплни К1, К2, Ц1, Ц2. Во рамки на регатата, ќе се одржи и меморијален маратон на 2000 метри, во чест на починатите кајакари. Настанот ќе биде со почеток во 8:30 и истиот ќе се реализира на патеката од пристаниште до каналот Студенчишта.

Организаторите апелираат до сопствениците на пловни објекти да имаат разбирање, со цел успешно реазлизирање на настанот, а во интересот на спортот.

OhridNews