Во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19, од кои 6 во Охрид и 21 во Струга. Најголемо жариште и натаму е Скопје со 44 нови случаи по што следат: Куманово 21, Дебар 1, Штип 18, Тетово 24, Велес 1, Битола 5, Кавадарци 3, Гостивар 23, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Демир Хисар 1, Македонски Брод 3, Кичево 10, Ресен 1, Неготино 2.

Починати се 5 лица, пациентка од Скопје, пациент од Битола, пациентка од Куманово, двајца пациенти од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од кои 19 од Охрид и 22 од Струга.

Досега во земјата се направени вкупно 99615 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10503, бројката на оздравени пациенти е 5931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4096.

OhridNews