Во последните 24 часа се направени 2118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи со Ковид-19, од кои најголем дел се во: Скопје-165, Куманово-30, Струга-11, Велес-25, Битола-10, Охрид-19, Кавадарци-22,
Починати се 10 пациенти од кои двајца од Скопје (54 и 90г.), еден од Куманово (73г.), два пациенти од Прилеп (59 и 56г.), еден од Охрид (72г.), пациент од ПЕ Гевгелија/Богданци (76г.), од Струмица (71г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (74г.) и еден пациент од Кичево (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје регистрира 339 оздравени пациенти.
Бројот на активни пациенти во Охрид изнесува 443.
OhridNews