Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти. Од нив 7 од Скопје, 1 од Куманово, 3 од Тетово, 1 од Велес, 1 од Кочани и 3 од Неготино.

Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1. Досега во земјата се направени вкупно 22767 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 65 годишна возраст, примена на 11 мај, пациент од Скопје на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 мај и 73-годишен пациент од Тетово, кој во болница се лекувал од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп на возраст од 41 година, кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1858, бројката на оздравени пациенти е 1367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.

OhridNews