Екипата на Рекреативо имала водство од 1-0 до 54-та минута, но тогаш судијата исклучил еден домашен фудбалер пошто настанал хаос на теренот. Дошло до масовна тепачка, во која учествувале сите играчи, а исто така се приклучиле и навивачи.
Судијата Жозе Мануел Баро Ескадон жестоко реагирал на нередите, исклучувајќи дури 19 фудбалери, 10 домашни и 9 гостински, што претставува своевиден рекорд во Шпанија. Натпреварот нормално, бил прекинат поради недоволен број на играчи на теренот, а судијата се повлекол во соблекувалните.