Во последните 24 часа се направени 1364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи: Скопје 96, Куманово 2, Дебар 18, Штип 4, Прилеп 1, Тетово 14, Струга 20, Велес 2, Битола 2, Охрид 7, Кавадарци 2, Гостивар 2, Крива Паланка 1, Пробиштип 1, Свети Николе 2, Кичево 3, Ресен 8.
Починати се 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент: Скопје 29, Куманово 1, Штип 4, Тетово 2, Велес 4, Гостивар 1.
Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на ковид-19. Во рамките на скринингот се направени 77 теста во градинки во Штип и нема позитивни резултати на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5005, бројката на оздравени пациенти е 1904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868, информираше Министерството за Здравство.
OhridNews