Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од 1.362 направени тестови, регистрирани се 183 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 845 и починале девет лица.
Регистрираните 183 нови случаи на КОВИД-19 се во: Скопје 135, Кавадарци и Струмица по 7, Куманово 6, Гевгелија 5, Прилеп, Штип и Струга по 4, Гостивар 3, Охрид и Богданци по 2, Битола, Кочани, Неготино и Крива Паланка по 1.
Од вкупниот број на позитивни (183), регистрирани се 24 реинфекции. Регистриран сe 845 оздравени лица од кои од Охрид се 19.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (60г, 69г и 89г) и по едно починато лице од Куманово (65г), Кочани (45г) и Тетово (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (3). Починатите лица се на возраст од 68г. до 93г. Лицата за починати се пријавени во период од 23.02. до 26.02.2022. Сите лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.
OhridNews