Солидни шест гола предност имаат македонските репрезентативци во пресрет на реванш мечот  кој ќе го даде патникот во баражот за СП 2009.

Враќањето на капитенот Лазаров во црвено – жолтиот табор се покажа како додатна каписла, којa ги размрда останатиете пред се` голманот Борко Ристоски кој во најмала рака беше брилијантен во Скопје.

Заменик капитенот Ванчо Димоски смета дека ќе биде грешка до колку одиме во Португалија да ја браниме “залихата“ од првиот меч.
 
Во Португалија мораме да играме за да победиме, а не да ја браниме предноста од Скопје.Тоа е единствен начин да извадиме конечен резултат што ќе ни одговара. Понекогаш и еден гол е добра предност, а некогаш и шест гола се малку – вели Димовски.

постигна 4 гола во Скопје – Димовски

Остваривте голема но не недостижна предност, оптимист e селекторот на Португалија селекторот Матс Олсон.

Натпреварот во Скопје беше само „прво полувреме“. Ние имаме негатива од шест гола, но „второто полувреме“ го играме пред својата публика. Предноста на Македонија е значајна, но не е недостижна. Треба добро да одиграме кај нас. Инаку, мечот беше квалитетен и со висок интензитет – изјави Олсон.

Спремен е на пекол во Гимараеш и в.д.селекторот Темелковски но ако го повториме рецептот од Скопје тогаш баражот не ни бега .

Моите играчи не се штедеа и разликата од шест гола ни дава оптимизам за она што не’ очекува во Гимараеш. Ако во Португалија ја повториме играта од првото полувреме во Скопје, многу е веројатно дека ќе се пласираме во баражот за влез на СП в година. Сепак, не треба да изгубиме од вид дека работата не е завршена, а Португалците ќе го дадат својот максимум на нивни терен – изјави селекторот Илија Темелковски.

За да го осигураме местото во Јунскиот бараж ни одговара и пораз помал од шест гола разлика.

Натпреварот се игра во 18 часот со пренос на МТВ.

прочитај:

Багдатис пеел навредливи песни против Македонија

http://www.ohridnews.com/index.php?mod=2&kat=11&id=3424

OhridNews