Во текот на изминатата вечер (08/09.01.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на цела држава при што санкционирани се 106 возачи.

Полициските службеници на подрачјето на СВР Охрид затекнале 18 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-12, Струга-02, Кичево-03, Дебар-01) .Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

OhridNews