Денот на независноста на Македонија 8-ми Септември Мотоциклистичката федерација на Македонија ќе го одбележи со организација на 18-то Мото рели низ Македонија.
Релито кое ќе се одржува од 5-ти до 7-ми септември е под покровителство на Агенцијата за Млади и Спорт на Македонија.
Мотороџиите во три етапи ќе ја обиколат Македонија:
1 етапа/05-09/ сабота: Скопје – Куманово – Свети Николе – Штип – Радовиш – Струмица – Дојран.
2 етапа/06-09/ недела: Дојран – Гевгелија – Неготино – Прилеп – Круишево – Битола – Галицица – Охрид – Струга.
3 етапа/07—09/ понеделник: Слободен ден – заминување на учесниците
На релито се очекува да земат околу 400 натпреварувачи од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, БиХ, Бугарија, Грција, Австрија, Германија, Русија. Организациониот комитет во знак на благодарност за долгогодишната соработка и додели признание на АМС на РМ.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com