Вчерва на програмата е последното 18 коло  во машкото кошаркарско првенство. Во битката за четвртото место на табелата кошаркарите на АМАК СП му гостуваат на битолски Свислион Пелистер. Со изедначен скор девет победи и шест порази влегуваат двете екипи во овој натпревар. Благодарение на предноста на домашниот терен „зелените“ во овој меч влегуваат како фаворити. Првиот меѓусебен натпревар  убедливо го добија “белите “  83:64 .

Играта на охриѓани на последниот натпревар на АМАК СП против Струмица во Билјанини ја снимаше Александар Петровиќ, тренерот на С.Пелистер

 имаат 1-0 предност – кошаракарите на АМАК СП

На првиот натпревар во Охрид имавме доста проблеми со повредите но АМАК не надигра и заслужено победи – вели за ohridnews стрaтегот на битолчани. Bо Битола за нас ќе биде извонредно важен натпревар, со победа се изеданчуваме на 1-1 во меѓусебните пресметки. Ке играме без нашиот најдобар играч Станкович, меѓутоа ќе играме пред своја публика  3-400 гледачи и се надевам во една фер и коректна атмсфера да постигнеме победа  – завршува Петровик.

Охриѓани засилени со Коко Кофилд патуваат во Битола по нови бодови со кои би ја зацементирале четвртата позиција .

На останатите натпревари играат Вардар Осигурување – Маврово и Струмица – Соколи.

На воведниот натпревар од последното коло со победата од 81-70 над Работнички , Кавадаречиот Фени Инд. само ја потврди есенската титула .

Табела

1  Фени Инд. 16 14 2 30
 Струмица 2005 15   12 3 27
3  Ф. Работнички 16 10 6 26
4  АМАК-СП 15 9 6 24
 С. Пелистер 15 9 6 24
6  МЗТ Скопје   16 7 9 23
7  Вардар О. 15 6 9 21
8  К.Соколи 15 2 13 16
9 Маврово 15 0 15 14

Мирко Постоловски