Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи. И натаму најголемо жариште е Скопје со 32 нови случаи, во Гостивар и Кавадарци се регистрирани по 8.

Починати се 5 лица од Скопје, Куманово и Гостивар, информира Министерството за здравство. Во денешниот билтен на починати лица заради евиденција заведен е и пациент од Охрид кој починал на 22 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од кои 18 од Охрид и 28 од Струга. Најмногу оздравени има во Скопје – 50.

Досега во земјата се направени вкупно 106877 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589.

Г.М.