Во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19, од кои 18 во Охрид и 9 во Струга.

Најмногу нови случаи и денеска има во Скопје 390, по што следуваат:  Прилеп со 55,Велс 53,Тетово 48…

Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77г), еден од Прилеп (54г), еден од Тетово (88г), еден од Струга (66г), еден пациент од Велес (78г), еден од Битола (76г), двајца пациенти од Струмица (63 и 68г), еден од Радовиш (66г) и еден пациент од Ресен (83г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 223 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 243.357 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587.

OhridNews