Николас Анелка е суспендиран 18 натпревари од страна на Дисциплинската комисија на француската фудбалска федерација поради лошото однесување за време на Светското фудбалско првенство кое летово се одигра во ЈАР.
Покрај Анелка казни добија и останатите организатори на штрајкот во францускиот камп, Патрис Евра доби 5 натпревари суспензија, Франк Рибери – 3, Жереми Тулалан 1. Единствено неказнет останал Ерик Абидал.
Никола Анелка беше избркан од францускиот национален тим откако на паузата од натпреварот против Мексико влезе во конфликт со селекторот Рајмонд Доменек кон кого како што веќе кажавме упатил погрдни зборови.
Останатите казни се поради организираниот бојкот што го имаа фудбалерите во знак на поддршка на својот соиграч.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com