На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици, управуван од 18 годишно лице од Охрид, излетал од патот.

Возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, додава Димоски.

OhridNews