Со тоа беше потврден меѓународно-правниот субјективитет на државата по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна Република Македонија.
Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Двете земји со посредство на ОН почнаа преговори за надминување на разликите околу името кои досега не дадоа резултати.
Република Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со над 160 држави во светот, а под уставното име е признаена од 130 меѓу кои и од три постојани членки на Советот за безбедност – САД, Русија и Кина.