Во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19: Скопје-131, Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2.

Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања.

На Инфективната клиника при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје – пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) и пациент (59г) примени на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти: Скопје-12, Штип-1, Тетово-3, Велес-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687, информираше министерството за здравство.

OhridNews