Во последните 24 часа направени се 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на КОВИД-19, починале две лица, а оздравени се 332 пациенти, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новорегистрираните случаи во Скопје се 1028, Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61, Куманово – 52, Кавадарци – 43, Гевгелија – 32, Штип – 31, Струмица – 24, Тетово – 22, Гостивар – 21, Кичево – 20, Велес – 16, Кочани – 14, Делчево – 13, Крушево – 12, Струга – 10, Радовиш и Валандово – по 8, Ресен – 7, Неготино – 6, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Кратово и Богданци – по 3, Виница, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 332 оздравени пациенти од нив 5 во Охрид. Во моментов во Охрид активни се 324 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се две починати лица: по едно починато лице од Скопје (66г) и Неготино (76г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

OhridNews