Во текот на вчерашната вечер (24/25.12.2021) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 175 возачи.

Од нив, 48 на територијата на СВР Скопје, 35 на територијата на СВР Битола, по 17 на територија на СВР Охрид и СВР Струмица, 15 на територија на СВР Штип, информираат ос МВР.

Од МВР велат дека продолжуваат со засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

OhridNews