Од 2 до 8 септември, тестирани се вкупно 449 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2 при што регистрирани сe 111 нови позитивни случаи, со намалување од 15,3% во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 13 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје-69 и Охрид -17, a највисока инциденца е регистрирана во Охрид. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 151 лице и не се пријавени починати лица асоцирани со КОВИД-19, посочуваат од ИЈЗ.
Во текот на 2024 година, а заклучно со 08.09.2024, регистрирани се вкупно 1.503 заболени лица. Во месец август 2024 се регистрира зголемување за 3,3 пати во однос на претходниот месец. Во месец септември, регистрирани се 115 заболени лица.
Според исходот од заболувањето 135 лица се активни случаи. Во Охрид во моментов активни се 20 случаи, стои во извештајот.
Од појавата на првиот случај на КОВИД-19 во РСМ (26.02.2020 година), а заклучно со 08.09.2024, пријавени се вкупно 351.819 заболени со COVID-19 и 9.995 починати лица асоцирани со COVID-19. Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Битола и Куманово, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци.
Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Кавадарци и Прилеп. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка.
OhridNews