Нови 490 случаи на Ковид -19 од направени 3.073 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Речиси половина од нив се во Скопје.
Според податоците што попладнево ги објави Министерството за здравство, во Скопје има нови 223 случаи, во Куманово 38, Прилеп 33, Велес 32, Штип 24, Битола 20, Кавадарци 19, Охрид 17, Крива Паланка 16 и Кочани 10. Во Кичево има осум нови случаи, Македонска Каменица шест, Гевгелија пет, Струмица, Радовиш и Пробиштип по четири, Тетово, Делчево, Виница, Валандово, Кратово и Демир Хисар по три, Гостивар, Струга и Неготино по два и Свети Николе, Ресен и Богданци по еден нов случај.
Починале 11 лица од кои четворица од Скопје (83г, 80г, 78г, и 66г), тројца од Куманово (93г, 69г и 48г), двајца од Прилеп (79г и 35г) и по едно починато лице од Струмица (67г) и Радовиш (79г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка, Куманово и Гевгелија, на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe вкупно 201 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974
OhridNews