Од СВР Охрид информираат дека вчера, во 01.30 часот, на Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“, за време на одржување на концерт, забележано е повредено лице кое веднаш било префрлено во Општа болница Охрид.
Според информацијата на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, по преземените мерки констатирано било дека станува збор за 17 годишно лице од Скопје со евидентирани повреди од остар предмет.
Се пеземаат мерки за расветлување на настанот.
OhridNews