17 годишно девојче од Охрид вчера околу 15 часот, паднало од терасата на стара куќа, која се наоѓа  на улица Ванчо Питошески во  Охрид. Според  полицијата причините за несреќниот  случај  се тоа што терасата немала ограда и девојчето паднало поради невнимание додека се движело по неа. 

На местото на несреќата веднаш пристигнала екипа на Брзата помош од Охрид така што девојчето веднаш, било пренесено во Специјалната болница „Свети Еразмо“. При падот тоа се здобило со фрактура на два пршлени од р’бетот и се наоѓа надвор од животна опасност,  но поради сериозноста на повредите е задржано на болничко  лекување.

Ohridnews