Стефан Нестор (17) ученик во трета година во “Гимназија“, е автор на бистата на Григор Прличев, што синоќа беше промовирана на традиционалната Охридската визита со која завршија Прличевите беседи.
Бистата која ќе ја краси “Прличевата одаја“ на Н.У. библитека “Г. Прличев, Стефан ја изработил во знак на благодарност кон библиотеката, која како што рече, на некој начин ја просветува јавноста. “Талентот го наследив од дедо ми веројатно, но мора и многу да се работи, надгради тој талент, за да се постигне повисоко ниво кое што би било задоволително и во пошироки рамки, а не само во локални“, ни изјави, Стефан Нестор.
Стефан Нестор со своето дело
Делото, Стефан го работел 7 дена, или како што рече 10 работни часа. “Лиењето поради моето неискусатво ми одзеде повеќе време поради некои грешки и поправка на гипсениот позитив, поради што ми требаше околу еден месец бистата комплетно да ја завршам“, ни рече Стефан Нестор.
Г.М.