“Cuba Libre”, еден од најпрепознатливите угостителски брендови во Охрид, одбележува 17 години постоење.

 

Успешната приказна “Cuba Libre” ја започна како мал ноќен клуб во стариот дел на Охрид во 2000 година. Во 2008 година со работа започна плажата “Cuba Libre” oд кога е и омилено место за излегување на охриѓани и туристите.

Во пресрет на 17-от роденден плажата со најубавиот поглед на Охрид е разубавена и подготвена за најдобрите забави ова лето на ривиерата.

Дел од успешниот угостителски бренд “Cuba Libre” се и ноќниот клуб “Havana” во центарот на Охрид и ресторанот во Свети Наум.

Роденденот “Cuba Libre” вечерва ќе го одбележи со настап на извонредниот кубански бенд “Cubalcanica”.

OhridNews