Повеќе од 160 тони радиоактивна вода, истекле од подземните резервоари на затворената јапонска нуклеарна централа „Фукушима“, денеска соопшти „Токио Електрик Пауер Компани“, кое стопанисува со нуклеарката.

Како што информираат јапонските медиуми, овие 160 тони радиоактивна вода се само 1,5 отсто до вкупниот капацитет на резервоарите на „Фукушима“.

Како што велат од „Токио Електрик Пауер Копмани“, радиоаткивната вода засега се наоѓа во почвата околу нуклеарката и се уште не достигнала до океанот. Исто така, од ТЕПК соопштуваат дека водат која служи за ладење на реакторите, почнала да истекува од еден од седумте резервоари.

Инаку, „Фукушима“ пред точно две години доживеа хаварија за време на земјторесот и ударот на цунами кое предизвика бројни штети на јапонското крајбрежје.

OhridNews