Во последните 24 часа, регистрирани се 920 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.338 тестови, 11 починати лица и 1.190 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новорегистрираните 920 случаи од Скопје се 502, Битола – 54, Куманово – 48, Велес – 40, Тетово – 35, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Штип – 24, Кичево – 20, Струмица и Гостивар – по 18, Охрид – 16, Неготино – 14, Гевгелија – 12, Кочани – 11, Свети Николе и Крива Паланка – по 8, Струга – 7, Ресен – 5, Демир Капија, Виница и Дебар – по 4, Богданци и Кратово – по 3, Делчево – 2, Пробиштип и Радовиш – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (920), регистрирани се 119 реинфекции. Регистрирани се 1.190 оздравени пациенти. Во Охрид во моментов активни се 275 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починато лице: 6 починати лица од Скопје (61г, 66г, 67г, 72г, 78г и 83г), 2 лица од Битола (66г и 88г), по едно од Охрид (91г), Струмица (77г) и Тетово (72г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, 6 лица се целосно вакцинирани, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.
OhridNews