Во последните 24 часа регистрирани се 838 нови случаи на КОВИД-19 од направени 4078 тестови. Регистрирани се и 1140 оздравени и 20 починати лица.Од новите случаи во Скопје се 430, Велес – 52, Битола – 42, Куманово – 40, Тетово – 34, Прилеп – 33, Струмица – 23, Кавадарци – 22, Кичево – 19, Неготино – 17, Охрид – 16, Штип – 15, Гостивар – 14, Гевгелија и Ресен – по 12, Кочани – 10, Радовиш – 9, Струга – 8, Дебар – 7, Крива Паланка – 4, Делчево, Валандово, Виница и Демир Хисар – по 3, Богданци – 2, Свети Николе, Берово, Кратово, Крушево и Пехчево – по 1, информираат од Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (838), регистрирани се 118 реинфекции.

Согласно податоците од ИЈЗ регистрирани сe 1.140 оздравени пациенти и тоа од Охрид се 19.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 10 починати лица од Скопје (69г, 73г, 76г, 77г, 77г, 80г, 81г, 83г, 84г и 85г), 3 починати лица од Тетово (64г, 72г и 74г) и по едно од Кочани (70г), Кратово (84г), Крива Паланка (71г), Куманово (68г), Неготино (83г), Прилеп (83г) и Струмица (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од Скопје. Починатите лица се на возраст од 77 до 86 години. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 14.02.2022 и се починати во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 22 лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews