Македонската ракометарка Наташа Нолевска суспендирана е вкупно 16 месеци поради вмешаност во допинг афера во Романија.

Имено, 24-годишната ракометарка беше дел од клубот Корона Брашов кој колективно вршеше недозволива ласерска терапија на сите ракометарки.

После откривање на допинг аферата, ракометарките и сите вработени во клубот беа суспендирани и дадени на суд.

Деновиве, случајот во Романија доби целосен расплет. Најголема суспензија доби претседателот на клубот 2 години и шест месеци, додека клупскиот доктор ќе паузира 2 години. Суспензијата на ракометарките се движи од 16 до 18 месеци.

OhridNews