Карате клубот Чоле на државното отворено Шотокан првенство за пионери и помлади кадети, што се одржа викендов освои 16 медаљи, од што 4 златни, 5 сребрени и 7 бронзени.

Игор Каневче освои злато во категоријата кати, Теодора Цветковиќ злато во категоријата кати екипно, а бронза поединечно, Нина Балабан се закити со злато во категоријата кати екипно, Марија Ристевска освои злато во категоријата кати екипно, а сребро поединечно, Везира Тотиќ освои две сребра во кати и борби поединечно, а Алмира Тотиќ бронза во борби, Џана Буш се закити со сребро во борби и бронза во кати, Андреј Ќосевски со сребро во кати, Климент Павлоски освои бронза во борби, Боби Колчак бронза во кати, Ангела Андреска, бронза во борби и Тијана Зулфи освои бронза во кати.