16 дела од 15 домашни автори ќе бидат преведени на странски јазици, информира Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, при денешната посета во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга.
На странски јазик ќе бидат преведни романите „Трите века“ од Саво Костадиновски – германски јазик, „Храпешко“ од Ермис Лафазановски на полски и руски јазик и „Патот на јагулите“ на академик Луан Старова на руски јазик.
Наградуваниот роман „Вештица“ на Венко Андоновски ќе биде преведен на француски, додека „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски на полски јазик.
Делото „Асхаровци“ од Трајан Петровски ќе биде преведено на српски, „Балканскиот мегаетникум“ од проф. д-р Димитар Мирчев на словенечки јазик во издание на Универзитетот во Љубљана.
Исто така, ќе бидат преведени и дела од литературата за деца меѓу кои „Првата љубов на Розевата улица“ од Киро Донев и „Весел ЗОО Парк“ одНатали Спасова, кои ќе бидат објавени на украински јазик од издавачката куќа „Твердинаја“.
Покрај дела од прозната продукција, поддржани се и преводи на неколку поетски збирки од истакнати македонски поети, како и антологии на македонската поезија.
OhridNews