Џесика Вотсон, австралиска ученичка ќе тргне на пат околу светот летово, откако ќе наполни 16 години. На патувањето кое ќе трае осум месеци ќе оди сама. Сака да го собори досегашниот рекорд на едно момче кое го обиколило светот на 18 години.
Џесика ќе тргне од Бризбејн, преку Пацификот, оклу Јужна Америка, ќе го помине ртот Добра Надеж и ќе заплови кон Индискиот Океан. На овој подвиг ја поттикнала првата жена која сама отпловила околу светот. На патувњето ќе нема помош од никого и ќе мора да се потпре на сопствените вештини.