Експериментот за кој последниве денови пишуваат сите медиуми, една 16 годишна девојка го сфатила пресериозно, па поради страв од можниот крај на светот извршила самоубиство.

Откако на телевизија гледала извештај од експериментот за кои некои тврдат дека би можел да предизвика крај на светот, толку се преплашила што се отрула и умрела.


Таткото на 16 годишната Чаи изјавил дека девојката прашала дали ќе се уништи светот кога научниците ќе го започнат експериментот, а родителите и објасниле дека не треба да се грижи и дека се работи за корисен експеримент.

Чаи е најстара сестра од 6 деца, а нејзиниот татко верува дека на неа најмногу влијаел еден телевизиски извештај во кој било кажано дека „Земјата ќе се преполови и сите ќе умрат“.