ЈП “Билјанини Извори” – Охрид во насока на спортско фудбалско дружење со јавните претпријатија и приватните компании, а по повод ослободувањето на Охрид организира и оваа година втор по ред Хуманитарен 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал “OHRID FREED”.
Турнирот започнува на 24 октомври во 19 часот и ќе трае до 06 ноември кога ќе се игра и финалето. Сите 28 натпревари ќе се играат во спортската сала „Билјанини Извори“
Учество на турнирот ќе земат 16 екипи меѓу нив минатогодишниот победник АСП ПАК, Костал Македонија, ЛТХ Леарница Охрид, Магна, ОДВ Електрик, Рек Битола, Инекс Олгица Хотел и СПА, Кафе Бар 9 Струга, Провелд Метал Дизајн Волино, Гостилница кај Мече, Бел Мерцедес, Општина Охрид, ЈП Водовод Охрид, ЈП Колекторски систем Охрид, ЈП Нискоградба Охрид и ЈП Охридски Комуналец Охрид.
Од аконтација за учество на Охрид Фреед се собраа средства во износ од 144000 денари и сите ќе се распределат онаму каде што во моментов има најголема потреба: кај нашата сограѓанка Бојана Бонеска на која и е дијагностицирана болест за чие лекување и се потребни повисок износ, на Здружението „Ретко е да си редок“ и Здружението на Деца со дијабет. Со таа цел Општина Охрид и ЈП Билјанини Извори ги повикува сите охриѓани, љубители на спортот и фудбалот на 24 октомври во 19 часот масовно да дојдат во спортската сала „Билјанини Извори“ да навиваат и со своето присуство го поддржат Охрид Фреед, велат од претпријатието.
OhridNews