Охрид за еколошки проекти од Програмата на Министерството за животна средина и просторно планирање, ке добие 6.1 милиони денари, дознава Ohridnews.
Дел од средствата ќе бидат наменети за санирање на реката Грашница
Ако на тоа се додадат 4.3 милиони денари кои веќе се одвоени за просторниот план за Охридско преспанскиот регион, како и најавените 4.7 милиони за проекти во Струга и дополнителни 1.4.милиони денари за Вевчани , во регионот со поддршка на Министерството за животна средина во 2008 година ќе се слеат 16.5 милиони денари, вели државниот секретар во Министерството за животна средина, Дејан Паноски.
„Имаме извонредно добар моментум поврзан со финансирање на таканаречени еколошки проекти во Охрид“, изјави за Ohridnews, Паноски. Одобрените средства опфаќаат инвестирање во активности од од кои ќе бараме одговорно и стратешко поставување кон проблемот со отпадот и развивање на еколошките планови, додава Паноски. Од друга страна, вели тој, поддржани се и проекти кои ќе придонесат за конкретно решавање на приоритетните еколошки прашања во Охрид како што се пред се реката Грашница и зачувувањето на Студенчишкото блато. Ако на тоа се додадат интервенциите на водоснабдителните мрежи во Долно Лакочереј и Вапила , можам да го изразам личното задоволство, како и на министерството, за тоа што сме придонеле за Охрид, вели Паноски.
ohridnews