Акцијата е дел од проектот „Да се заштитиме од кражби“ кој финансиски е поддржан од Општина Охрид и ОБСЕ, кој го помогна печатењето на флаерите на англиски јазик.
Нивното дистрибуирање до граѓаните, туристите, хотелско-угостителските објекти и другите целни групи ќе оди преку велосипедската полициска патрола и другите полициски службеници, спасувачите на плажите и активистите на Црвениот крст, куќните совети, Советодавните групи на граѓани и други.