Во последните 24 часа направени се 1.309 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на КОВИД-19 од кои 91 во Скопје, Кавадарци – 19, Битола – 13, Прилеп и Куманово – по 8, Кочани – 3, Струга – 2, Тетово, Штип, Охрид, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (76г, 78г, 79г и 82г) и по едно починато лице од Кавадарци (61г), Штип (38г), Прилеп (66г), Велес (47г), Свети Николе (82г) и Берово (35г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 326 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 1.409.078 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.233, бројот на оздравени пациенти е 191.132, на починати е 7.242, а бројот на активни случаи изнесува 7.859.
OhridNews