Во последните 24 часа направени се 1.179 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на КОВИД-19 од кои 113 во Скопје, 8 во Кавадарци, по 6 во Куманово и Битола, 4 во Прилеп и Кочани, 3 во Ресен. По 2 случаи се регистрирани во Охрид, Гевгелија и Неготино, а по 1 случај во Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Велес (84г, 83г, 72г, и 69г), по 3 починати лица од Скопје (68г, 63г и 50г), по 2 починати лица од Куманово (67г и 64г) и по едно починато лице од Прилеп (50г), Битола (68г), Штип (69г) и Крива Паланка (82). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие вкупно се регистрирани 387 оздравени пациенти од кои 4 во Охрид. Досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.
OhridNews