Се проценува дека за новогодишните празници во Охрид престојувале околу 15.000 гости од земјава како и од соседните Србија, Бугарија, Грција и Албанија.
Странците се враќаат во Охрид
Поатрактивните хотелски капацитети долж ривиерата беа исполнети до последно место . Хотелиерите сметаат дека Охрид полека го враќа стариот сјај и дека новогодишните празници се добра најава за овогодинешната туристичка сезона.
Чаршијата полна
Задоволни се и угостителите кои деновиве работат под полна пареа. Во рестораните навечер тешко се доаѓаше до слободно столче, а место повеќе се бараше и во кафетериите и ноќните клубови.
Во кафулињата се бара место повеќе
Работа имаше дури и за кајчарите. Невообичаено топлото време за овој период од годината туритите го користеа за обиколка по Охридското Езеро со такси брод, или за прошетката по стариот дел на Охрид.
На кејот вриеше како в лето
Дека градот е солидно исполнет сведочи и гужвата по градскиот кеј и чаршијата. Ако денот по утрото се познава, годинава ќе биде бериќетна.