Ако на своето новороденче му дадат име Бенито или Рашел, имињата на фашистичкиот диктатор Мусолини и неговата сопруга, родителите во регионот Басиликати на југот на Италија можат да очекуваат награда од 1.500 евра.
Еднократниот детски додаток со необични услови ќе го исплатува екстремно десничарската партија „Социјален проект – трибоен пламен“.