Пациентката била примена на Клиниката пред три дена со симптоми на грип. По приемот веднаш била
започната антивирусна, антимикробна, како и кардиолошка терапија. Но,
на 20 декември настапило влошување на состојбата и вчера доцна попладне
констатирана е смрт. Пациентката претходно боледувала од
кардиомиопатија и дијабетес мелитус.
Во Македонија досега од новиот грип починаа 15 лица.