Петнаесет лица го загубија животот во трагичната несреќа што денеска околу 10.35 часот се случи во водите на Охридското Езеро на околу 200 метри од автокампот Елешец. Се работи за бродот „Илинден“ кој превезувал поголема група бугарски туристи.


Oчевидци ни изјавија дека несреќата се случила многу брзо и дека бродот потонал за само неколку минути.

-Ние со глисер се приближувавме до брегот кога оттаму ни довикнаа дека потонал брод. Стигнавме први до местото на несреќата и околу веќе имаше десетина мртви тела. Спасивме седуммина, а на тројца им укажавме помош но не можевме ништо да стори ме за нив. Веднаш потоа дојде бродот „Александрија“, но и други бродови кои се вклучија во спасувањето“, ни изјава Гордана Рувчевска од Кичево, очевидец на настанот.


На местото на настанот бројни спасувачки екипи и припадници на специјалната нуркачка екипа на МВР работеа на извлекување на преживеаните и телата на загинатите. Ангажирани беа сите расположиви возила на итната медицинска помош. Преживеаните патници беа згрижени во х. Метропол, а на петмина бигарски туристи помош им беше укажана во општата болница во Охрид. Истрагатакоја е в тек треба да открие причините за големата несреќа. На местото на настанот дојдоа повеќе владини министри, а во Охрид допатуваа премиерот и претседателот на државата.


15 загинати во бродската трагедија на Охридското Езеро


ohridnews